Свет 04. март 2020. / 11:37

Пред болниците во Јужна Кореја долги редици поради коронавирусот

Пред болниците во Јужна Кореја долги редици поради коронавирусот

Јужна Кореја објави 516 нови случаи на инфекција со коронавирус, по што илјадници чекаат во ред да купат маски, но и пред болниците за да бидат тестирани за смртоносниот вирус.

Најгоемата епидемија надвор од Кина почна во градот Даегу. Вкупниот број на заразени лица во Јужна Кореја сега изнесува 5.328 лица, со најмалку 32 смртни случаи, објави Корејскиот центар за контрола и превенција на болести.

Повеќето од заразените се во и околу Даегу, четвртиот по големина град во земјата, каде вирусот се рашири многу брзо преку членовите на една христијанска секта.

Вкупно 92,000 луѓе во 70 земји заболеа од коронавирусот ширум светот, а досега, 3.200 лица подлегна на инфекцијата.