Гај Јулие Цезар Мусолини, правнукот на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини влегува во политичката арена како кандидат на европските избори за екстремно десничарската партија Браќа на Италија. Неговата кандидатура уште минатиот викенд ја објави Џорџија Мелони, лидерка на десничарската партија.
–Секој сака да го стави Мусолини на гласачкото ливче, изјавил 50-годишниот поранешен офицер на подморница кој моментално управува со компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати. Тој признава дека никогаш не се занимавал со политика, но уверува дека “целиот живот” ја “дише” политиката.