Свет 30. јули 2018. / 10:29

Пратеник набројуваше села во Гана, па ги изнасмеа колегите (ВИДЕО)

Пратеник набројуваше села во Гана, па ги изнасмеа колегите (ВИДЕО)

Никој од пратениците во парламентот не можеше да се воздржи од смеење кога нивниот колега пратеник Џон Фримпонг Осеи почна да набројува села во неговата изборна единица.

Има места кои на локалниот јазик во превод гласат „вагината е мудра“, „пенисот е глупав“, “тестисите се гревчиња“, а нивното набројување до солзи ги насмеа пратениците.

Пратеникот Осеиа се интересираше кога мештаните на тие села ќе добијат струја.

„Но, електричната енергија би можела да ги спрели во ноќните активности“, се пошегува министерот за енергетика Боакје Агјарко.

Но, повеќето пратеници не слушнале за имињата на тие села, а BBC побара одговор зошто се викаат така.

Томас Нади од престолнината на Гана, АКра, рече дека имињата ги ставале првите доселеници, најчесто по нивните искуства.

Министерот, сепак вети дека ќе се распраша што може да се напправи за тие да добијат струја, а Гана е 80 отсто покриена со електрична енергија, што е далеку над просекот во Африка.