Свет 09. јануари 2020. / 19:29

Пратениците го одобрија договорот за Брегзит: Велика Британија на пат за излез од унијата на 31 јануари

Пратениците го одобрија договорот за Брегзит: Велика Британија на пат за излез од унијата на 31 јануари

Претставничкиот дом на Велика Британија го одобри договорот на премиерот Борис Џонсон за излегување на Велика Британија од Европската унија со 330 гласа „за“ и 231 „против“.

Тој треба да биде усвоен и од Домот на лордовите и Европскиот парламент, што се смета како формалност, пред Велика Британија да го заврши своето речиси 50-годишно членство во проектот за евроинтеграција.