Откако американскиот претседател го отпушти својот советник за национална безбедност, познат е вршителот на должност, кој ќе го замени додека не биде избран нов советник.
Функцијата вршител на должност ја презема досегашниот заменик на Болтон, Чарлс Куперман, информирале од Белата куќа за Би-Би-Си.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека го отпуштил советникот за национална безбедност, се појавија информации дека Трамп и Болтон не се согласувале за голем број предизвици во надворешната политика, од Авганистан до Иран.
Многумина во Белата куќа не биле задоволни и од однесувањето на Болтон, а неименуван извор за ББЦ изјави дека тој создал посебен ентитет од советот за национална безбедност.
– Болтон работеше одделно од остатокот на Белата куќа. – рече поранешен функционер на администрацијата на Трамп, кој сакаше да остане анонимен.