Свет 04. октомври 2020. / 21:54

Познатиот моден креатор Кензо почина од Ковид-19

Познатиот моден креатор Кензо почина од Ковид-19

Јапонскиот стилист Кензо Такада почина во Нојли-сур-Сен на 81-годишна возраст.

Според портпаролот на брендот за облека и парфеми создаден во 1970 година, неговиот креатор, јапонскиот стилист Кензо Такада почина во Американската болница во Нојли-сур-Сена од Ковид-19.

Тој е првиот јапонски стилист што успеа да се наметне во Париз, каде ја имаше целата своја кариера и го прослави своето прво име.