Свет 16. ноември 2020. / 17:59

Пожелно е учесниците на Олимписките игри да бидат вакцинирани против коронавирусот

Пожелно е учесниците на Олимписките игри да бидат вакцинирани против коронавирусот

Бах го пофали новиот напредок во брзото тестирање како поттик за одржување на Олимписките игри.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, денеска во Токио соопшти дека сите спортисти и навивачи ќе бидат охрабрени да се вакцинираат против коронавирусот, со цел да се заштити јапонскиот народ.

Бах додаде дека вакцинацијата нема да биде задолжителна, но не се сомнева дека ќе биде силно иницирано.

Претседателот на ИОК е во прва посета на Јапонија по одложувањето на Олимписките игри пред околу осум месеци поради пандемијата на коронавирусот.

– Со цел да се заштити јапонскиот народ и од почит кон нив, ИОК ќе се потруди што повеќе луѓе да дојдат тука со вакцина, доколку таа биде достапна дотогаш – рече Бах по разговорите со јапонскиот премиер Јошиде Суга.