И натаму беснеат шумските пожари јужно од Лос Анџелес, а пожарникарите се борат со огнената стихија во обид да спречат да дојде до најблиските куќи.
Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 21 000 луѓе се евакуирани од областа околу езерото Елсинор, во ситуација кога огнот пустоши по околните ридови.
Пожарот, кој е само пет проценти под контрола на пожарникарите, брзо се шири поради суви грмушки и силни ветришта, рече портпаролот на противпожарната служба, Тан Нгуен.
Во огнената стихија досега се уништени 13 куќи, а загрозени се илјадници објекти. Новинската агенција АП објави дека еден човек е во притвор под сомнение дека го предизвикал пожарот.