Свет 04. јули 2018. / 10:10

Пожарникарите се борат со огнот: Огромен пожар беснее во Калифорнија (ФОТО)

Пожарникарите се борат со огнот: Огромен пожар беснее во Калифорнија (ФОТО)

Во американската сојузна држава Калифорнија, од саботата беснеат шумски пожари кои пожарникарите не можат да ги локализираат поради силните ветрови.

Најголемиот пожар кој е северозападно од Сакмаменто, се проширил денеска на 28.300 хектари, додека пожарникарите успеале да локализираат само пет проценти од огнот. Повеќе од 2.100 пожарникари се ангажирани од саботата во гасењето на пожарот.

Калифорниските власти издале налог за евакуација на мештаните во различни зони.

Локалните власти посебно ги предупредиле граѓаните на САД кои денеска го прославуваат државниот празник Ден на независноста. Бројни Американци на овој ден сакаат да организираат огномети и да прават скара.