Над 200 војници ќе им се приклучат на пожарникарите од 16 држави на САД во гасење на пожарите во северна Калифорнија.
Националниот центар за пожари побара помош од војската , што беше одобрено од Стејт Департментот. Не епозната точната локација каде ќе бидат распоредени војниците .
Пожарите во северниот дел на Калифорнија , на границата со Орегон беснеат веќе десетина дена и се зафатени над 64 000 хектари под шума .
Десетици илјади жители на планинските предели веќе се евакуирани , а во пожарите настрадаа седум лица , од кои четворица пожарникари.