Свет 22. ноември 2019. / 11:50

Пожарите во Австралија предизвика рекордно загадување на воздухот

Пожарите  во Австралија предизвика рекордно загадување на воздухот
Сиднеј прекриен со чад

Нивото на загадување на воздухот во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс зголемено на е рекордно ниво, а чадот што се шири од шумските пожари претставува опасност за возачите поради намалена видливост.

Сиднеј, најбројниот австралиски град, четврти ден по ред е прекирен со чад, со што беше рангиран на листата десет најзагадени градови во светот.

Во пожарите од почетокот на ноември загинаа најмалку четири лица, а уништени повеќе од 400 куќи.

Во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Квисленд и понатаму има активни пожари.