Свет 19. ноември 2019. / 11:02

Пожари беснеат во Сиднеј – граѓаните не смеат да излегуваат од домовите

Пожари беснеат во Сиднеј – граѓаните не смеат да излегуваат од домовите

Силните ветрови ги разгореа десетината пожари кои веќе неколку седмици беснеат на австралискиот југоисточен брег, а густиот чад го обви и Сиднеј каде се издадени предупредувања за опасност по здравјето на жителите на најмногубројниот австралиски град.

Пожарите уништија околу милион хектари обработливо земјиште и шума во изминатите неколку седмици, а се шират со огромна брзина поради сушните услови после тригодишната суша за која климатските експерти велат дека е толку засилена поради глобалното затоплување и климатските промени.

Градските власти соопштија дека поради густиот чад воздухот во Сиднеј е екстремно загаден и опасен по здравјето на локалните жители.

Локалното Министерство за здравство ги предупреди граѓаните доколку е можно, да не излегуваат од своите домови, додека локалните пожарникарски служби предупредиле дека чадот поради силниот ветер ќе се задржи над градот во текот на целиот ден.

&nbsp