Свет 27. јули 2018. / 10:22

Пожар во 18-катница во Франција: Четворица загинати, 9 повредени

Пожар во 18-катница во Франција: Четворица загинати, 9 повредени

Околу 100 пожарникари за 3 часа успеаја да го изгаснат пожарот во кој животот го загубија една жена и три деца, а девет лица се повредени

Во зграда во париското предградие Обервилије во Франција, избувна пожар во кој животот го загубија 4 лица, а 9 се полесно повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите што ги објавија француските медиуми, на 17 спрат од една 18-катна зграда во париското предградие Обервилије избувнал пожар, кој за кусо време ги зафатил и останатите катови.

Околу 100 пожарникари за 3 часа успеаја да го изгаснат пожарот во кој животот го загубија една жена и три деца, а девет лица се повредени.

Во информациите се наведува дека станарите на зградата која брои 108 стана биле приморани да го напуштат објектот, а вечерта ја минале во градската спортска сала.

Засега не е позната причината која го предизвикала пожарот.