Свет 28. октомври 2019. / 10:03

Повторно сокриле мигранти во ладилник, кои се откриени пред да замрзнат

Повторно сокриле мигранти во ладилник, кои се откриени пред да замрзнат

Осмина Авганистанци, од кои четворица малолетни биле пронајдени со знаци на блага хипотермја во неделата наутро во приколка-ладилник во француското пристаниште Кале.

Како што пренесуваат француските медиуми, мигрантите биле пронајдени пред да замрзнат во приколката на француското пристаниште, а набрзо потоа биле уапсени двајцата возачи со потекло од Романија.

Мигрантите, четворица мажи и четири жени биле пронајдени за време на контрола на камионот на пристаништето пред да биде „натоварен“ на траект кон Велика Британија, соопштија од француското обвинителство.

Авганистанците биле сокриени во лажно дно од приколката на камионот тежок 3,5 тони кој пренесувал смрзнато пилешко. Во тој дел од камионот температурата изнесувала околу 7 Целзиусови степени.

Двајцата романски возачи откако биле откриени добиле паничен напад, па биле хоспитализирани, а потоа и повредени. Засега не е познато каде бил регистриран камионот и која била неговата рута.