Свет 10. март 2019. / 10:44

Повредени 32 патници поради силни турбуленции во „Туркиш ерлајнс“

Повредени 32 патници поради силни турбуленции во „Туркиш ерлајнс“

Авион на „Туркиш ерлајнс“ безбедно слета на њујоршкиот аеродром, по сериозни турбуленции во кои повќе од 32 лица завршија со повреди, соопштија официјалните лица.

Авионот летал од Истанбул кон Њујорк, а турбуленциите почнале 45 минути пред слетувањето на Џон Кенеди аеродромот, пренесе новинската агенција „АП“.

Десет повредени патници биле згрижени во болница, а на останатите им била пружена помош на аеродромот.

Еден од патниците има скршена нога, а поголем дел се здобиле со исеченици и модринки по телото.