Свет 20. март 2020. / 12:16

Повозрасните Швајцарци ќе добијат дозвола да шетаат два часа под надзор на полицијата

Повозрасните Швајцарци ќе добијат дозвола да шетаат два часа под надзор на полицијата

На повозрасните лица во швајцарскиот кантон Ур од денеска им е дозволено да излезат од своите домови само на два часа и тоа заради шетање на свеж воздух. Притоа, тие ќе бидат обезбедувани од полицијата.

Одлуката е донесена откако припадниците на најчувствителната популација не ги почитуваа препопраките за ограничување на движењето заради заштита од епидемијата со новиот корона вирус.

Швајцарските власти соопштија дека повозрасните лица не се придржувале до превентивната мерка против Ковид-19.

Во Швајцарија се регистирани 4.222 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 43 починале.