Свет 27. декември 2020. / 23:27

Повеќе од 81 милион лица заболени од Ковид-19

Повеќе од 81 милион лица заболени од Ковид-19

Бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус во светот денес надмина 81 милиони, покажуваат најновите податоци на worldometers.info.

Досега починале 1,769 милиони луѓе, а официјално се опоравиле 57 милиони.

Во светот има 22 милиони активни случаи или 99,5 проценти, а 105.000 или 0,5 проценти се во критична состојба.

Најголем број на пациенти има во САД, над 19 милиони, следени од Индија (10 милиони), Бразил (седум милиони), Русија (три милиони) и Франција (2,5 милиони).