Свет 21. ноември 2020. / 13:34

Повеќе од 60 затвореници побегнаа од либанскиот затвор – петмина убиени при обидот за бегство

Повеќе од 60 затвореници побегнаа од либанскиот затвор – петмина убиени при обидот за бегство

Повеќе од 60 затвореници избегале од либански затвор, а петмина биле убиени кога нивниот автомобил удрил во дрво за време на бегството, соопштија безбедносните сили и државната новинска агенција.

Тие избегале во зори од затворот Бабда откако ја скршиле вратата од ќелијата, објави државната новинска агенција ННА, додавајќи дека безбедносните сили ја опколиле областа.

Безбедносните сили за Ројтерс изјавиле дека 69 затвореници избегале, а осуммина биле заробени. Петмина загинале кога автомобилот што го возеле удрил во дрво, рекоа тие.

Властите започнале истрага за бегството од затвор, пренесува ННА.

Амнести Интернешнл во април соопшти дека избувнале немири во либанските затвори и дека семејствата на затвореници протестираат, барајќи затворениците да бидат ослободени од пренатрупаните затвори поради ковид-19.

Тие исто така рекле дека властите, иако либанската влада презела некои чекори, вклучително и ослободување на некои затвореници, треба да им дадат предност во ослободувањето на затвореници кои ја издржале казната и да го забрзаат решавањето на случаите на затворениците кои чекаат судење.