Свет 28. октомври 2019. / 11:32

Повеќе од 500 американски војници од Ирак се вратиле во нивната база во северна Сирија

Повеќе од 500 американски војници од Ирак се вратиле во нивната база во северна Сирија

Над 500 американски војници, кои претходно се повлекоа во Ирак, се вратиле назад во нивната воена база во североисточиот дел на Сирија, пренесе Тасс, повикувајќи се на текст објавен во весникот „Aшарк Ал-Авсат“.

Претходно, весникот објави дека американски конвој од 34 логистички воени камиони минал преку ирачко-сириската граница на граничниот премин Ал-Валид и влегол на територијата на сириската провинција Хасака.

Силите на меѓународната коалиција, предводена од САД, на 16 октомври ја напуштија својата воена база, сместена во реонот на Кобани, на околу 150 километри од Алепо, во северниот дел на Сирија и се повлекоа од градовите Рака и Табка, во североисточниот дел на земјата. На 21 октомври беше јавено дека група американски војници ја минале сириската граница на пат кон ирачката провинција Дахук (дел од Ирачки Курдистан).

Во таа пригода од Багдад соопштија дека станува збор за транзитно поминување. На 22 октомври американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, соопшти дека нивните војници од Ирак ќе се вратат во САД.