Свет 23. јуни 2020. / 13:03

Повеќе од 50 хотели во Палермо нудат бесплатно сместување за туристите

Повеќе од 50 хотели во Палермо нудат бесплатно сместување за туристите

Туристите кои ќе резервираат четири ноќевања во некој од 53 хотели во сицилијанскиот град Палермо и околината и коишто пристигнат во главниот град на Сицилија со авион, ќе платат три ноќевања, а четвртото ќе им биде бесплатно. Оваa иницијатива се спроведува со цел да се потикне туризмот по блокадата поради пандемијата на корона вирусот.

Иницијативата е на околното Здружение на хотелиерите, а во соработка со управата на аеродромот во Палермо. Понудата ќе трае во текот на цела 2020 година.

Повеќе информации за иницијативата може да се најдат на интернет-страницата на аеродромот.

На 3 јуни, по скоро три месеци блокада, Италија ги отвори своите граници за влез на туристи од други земји членки на Европската Унија и од Шенген зоната.

Од друга страна, пак, ЕУ може да ги отвори своите граници кон земјите од Западен Балкан на почетокот на јули, по препорака на Европската комисија.