Свет 29. мај 2020. / 14:09

Повеќе од 40 милиони Американци останале без работа поради пандемијата

Повеќе од 40 милиони Американци останале без работа поради пандемијата

Повеќе од 40 милиони Американци, што е претставува еден од четворица вработени, првпат поднеле пријава за невработеност за време на пандемијата на корона вирусот поради која економијата на САД беше под сериозни рестрикции уште од месец март.

Според најновите податоци од Министерството за труд, само минатата недела такви пријави поднеле 2,1 милион луѓе. Тоа е десетта недела по ред како пријави за неработеност поднесуваат преку милион Американци. За споредба, никогаш пред март 2020 година, во САД не биле регистрирани еден милион пријави за невработени неделно. Пред пандемијата, просечен број на неделните пријави за невработеност бил околу 200 илјади.

Од министерството велат дека невработеноста во САД е во критична состојба и службите се преоптоварени со процесирање на милионите пријави.

Сојузните држави во САД деновиве почнаа со отварање а бизнисите, со што економистите и политичарите се надеваат дека луѓето ќе можат да се вратат на работа.