Свет 30. март 2020. / 20:39

Повеќе од 3.000 починати од почетокот на пандемијата во Франција

Повеќе од 3.000 починати од почетокот на пандемијата во Франција

 Франција денеска го помина прагот од 3.000 смртни случаи од почетокот на епидемијата со коронавирусот. Во последните 24 часа се забележани 418 нови смртни случаи, најголем број досега за еден ден.

Досега се регистрирани 3.024 смртни случаи од вирусот.

Бројот на хоспитализирани е скоро 21000  (+1592 повеќе од вчера) со голем број на тешки случаи во реанимација и интензивна нега на која се наоѓаат 5056 пациенти, од кои дури 424 пристигнале во последните 24 часа.