Свет 15. март 2020. / 16:18

Повеќе од 100 починати за еден ден во Иран

Повеќе од 100 починати за еден ден во Иран

Во изминатите 24 часа од последици на коронавирусот во Иран починале 113 лица.

Со тоа, бројот на смртни случаи во земјата се зголеми на 724 луѓе, напиша на „Твитер“ советникот на иранскиот министер за здравство, Алиреза Вахабзаде.

Во Иран досега од Ковид-19 се заразени над 14.000 лица.