Свет 09. ноември 2020. / 11:16

Повеќе од 100 исчезнати во бурата „Ета“, евакуација на Флорида

Повеќе од 100 исчезнати во бурата „Ета“, евакуација на Флорида

Американската сојузна држава Флорида ги затвори плажите, местата за тестирање на коронавирусот, јавниот превоз и нареди евакуација на одреден број луѓе, бидејќи се засилува тропската бура „Ета“, носејќи силен дожд на веќе поплавените градски улици.

Флорида веќе ги брои мртвите поради бурата Ета, а во Мексико и Централна Америка, повеќе од 100 лица се водат за исчезнати, пренесува АП.

Дури и ако невремето не се претвори во ураган, бавната брзина со која се движи и обилниот дожд се огромна закана за Јужна Флорида, каде што минатиот месец паднаа повеќе од 35 сантиметри дожд, а се проценува дека наскоро може да паднат уште 30.

Во некои области, земјата не апсорбира вода доволно брзо, а дождот паѓа сè повеќе“, рече Хозе Пепе Дијаз, секретар на округот Мајами Дејд.

Градоначалникот на округот Мајами Дејд, Карлос Хименез, изјави дека е во контакт со службите против поплави, кои се обидуваат да испумпаат вода од поплавените подрачја и да извлечат заглавени возила.

Досега „Ета“ имаше просечна брзина на ветрот од 100 километри на час.