Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека повеќе од 1.800 деца на мигранти биле повторно споени со своите родители во рок што го определил судот.
Меѓу нив има 1.442 деца кои сега се повторно со нивните родители во американскиот имиграциски притвор и 378 деца ослободени под „соодветни околности”, се вели во судскиот извештај.
Повеќе од 700 деца “не ги исполнуваат” барањата за повторно обединување со нивните семејства. Меѓу нив има 431 деца чии родители повеќе не се во САД, пренесува Би-Би-Си.
Официјалните лица одвоиле повеќе од 2.500 деца од возрасни кои немале никакви документи.
Претходно оваа година, американските власти воведоа политика на “нулта толеранција” за илегална имиграција на границата со Мексико.Оваа политика беше суспендирана овој месец кога Трамп се најде под остри критики.