Свет 20. декември 2020. / 21:38

Повеќе од 1,8 милиони луѓе во САД веќе примиле вакцина против Ковид 19

Повеќе од 1,8 милиони луѓе во САД веќе примиле вакцина против Ковид 19

Првиот бран вакцини против Ковид 19 до сега ја примиле повеќе од 1,8 милиони луѓе во пет земји, покажуваат податоците на магазинот Bloomberg.

Медиумот пишува дека ова е почеток на најголемата кампања за вакцинација во историјата и еден од најголемите логистички предизвици досега преземени.

Вакцинацијата во САД започна на 14 декември со здравствени работници, а 38 држави ги пријавија први 211.086 администрирани дози. Овие бројки се очекува да се зголемат во наредните денови откако во петокот беше одобрена слична вакцина, произведена од страна на Moderna Inc.

Вакцината на Pfizer и BioNTech вклучува две дози кои треба да се примат во период од три недели. Првите дози од вакцините во САД се распоредуваат на неделно ниво и според планот на американската администрација планирано е најдоцна до утре да бидат распределени 5,1 милион дози. Вторите дози се чуваат во резерва и ќе започнат да се испорачуваат во серии три недели по распределбата на првата доза. Вакцината се дистрибуира врз основа на популацијата на државата.

САД и Канада се помеѓу првите држави кои ја одобрија вакцината произведена од страна на Pfizer и BioNTech, а со очекува веќе следната недела истото да го направи и Европската унија.