Свет 01. август 2018. / 20:22

Повеќе од 1.000 куќи изгорени во пожарите во Калифорнија

Повеќе од 1.000 куќи изгорени во пожарите во Калифорнија
Пожарот што изби во северниот дел на Калифорнија и беснее повеќе од една седмица, уништи 1.018 куќи во Рединг и неговата околина, соопшти калифорниската служба за шумарство и заштита од пожари.

На неколку илјади луѓе деновиве им беше дадена дозвола да се вратат во своите домови, меѓутоа, огнот и понатаму гори, наведува агенцијата „АП“.

Пожарот во северниот дел на Калифорнија е седми по причинета штета досега во оваа сојузна американска држава.