Свет 14. декември 2020. / 20:45

Повеќе европски држави воведуваат построги мерки

Повеќе европски држави воведуваат построги мерки

Италија и Холандија ќе ја следат Германија во строгите мерки против коронавирусот пред празниците. Германија, која веќе се соочува со тешка божиќна блокада, предупреди дека нејзините ограничувања веројатно нема да се намалат на почетокот на новата година.

Италијанските медиуми објавија дека Владата може да ја стави целата земја под таканаречена блокада во „црвената зона“ од Бадник до најмалку 2-ри јануари, поради се поголемиот страв од можен пораст на инфекции во празничниот период.

Мерките може да вклучуваат продолжување на ноќниот полициски час, забрана за несуштинско движење, затворање на сите освен несуштинските продавници и затворање на сите барови и ресторани за време на викендите и празниците.

Италија објави уште 484 жртви од Ковид-19 во неделата – надминувајќи ја Велика Британија како земја со најголем број жртви во Европа – додека толпи купувачи продолжија да се слеваат кон центрите на градовите по делумното ублажување на ограничувањата.

-Толпите се неоправдани, ирационални, неодговорни, изјави за дневниот весник „Ла Република“ Франческо Бокија, министер за регионални работи, додавајќи дека бизнисот и здравството во моментов едноставно не се помирливи.

На почетокот на овој месец, Владата забрани патување за време на празничниот период, освен за работа, здравствени или итни причини, забранувајќи им на Италијанците да ги напуштат своите родни градови на Божик или Нова година. Полноќната миса на 24 декември беше поместена за порано за верниците да можат да го избегнат полицискиот час во 22 часот.

Очекуваниот потег на Италија го следи сличнио чекор од Германија, која во неделата соопшти дека ќе ги затвори сите, освен основните продавници како супермаркети и аптеки, како и салони за коса и убавина, од среда до најмалку 10 јануари, бидејќи се бори против „експоненцијалниот раст“ на инфекции.

Меркел се надеваше дека „лесниот карантин“ воведен во ноември ќе го намали нивото на инфекциии за Германците да можат да го слават Божиќ и Нова Година речиси нормално, но Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“ во понеделникот објави повеќе од 16.000 нови случаи, што е 4.000 повеќе од пред седум дена.