Во Канада е потврден првиот случај на заразен со корона вирусот, соопштија од канадската влада.
Според владиното соопштение, здравствениот систем во Торонто бил известен за првиот потврден случај на корона вирус кај личност која неодамна се вратила од Вухан, градот во Кина од каде почна да се шири заразата.
Во соопштението се додава дека заразеното лице е во болница и неговата состојба е стабилна.