Свет 04. февруари 2020. / 10:44

Потресна приказна за корона вирусот: Дете умрело од глад бидејќи таткото го однеле во карантин

Потресна приказна за корона вирусот: Дете умрело од глад бидејќи таткото го однеле во карантин

Двајца здравствени работници од Кина добија отказ откако дете кое боледувало од церебрална анализа, починало кога неговиот самохран татко бил одведен во карантин поради сомневање дека бил заразен од корона вирус.

Јан Ченг (16) е пронајден мртов во средата, една седмица откако неговиот татко и брат биле преместени во карантин.

Според неофицијални сознанија, детето за тоа време само два пати јадело.

И претседателот на локалниот одбор на Комунистичката партија на Кина и градоначалникот на градот Хуаџијахеа сменети се заради овој случај.