Свет 12. април 2019. / 14:52

Потресна фотографија од мало девојче како плаче на американската граница освои престижна награда

Потресна фотографија од мало девојче како плаче на американската граница освои престижна награда

Потресната фотографија од мало девојче која беспомошно плаче додека заедно со нејзината мајка ги приведуваат на американската граница, ја освои престижната награда „Ворлд прес фото“.

Жирито соопштило дека фотографијата на Џон Мур, снимена откако мајката Сандра Санчез и нејзината ќерка Јанела од Хондурас илегално ја преминале американската граница, прикажува „поинаков вид на насилство, психолошко“.

Фотографијата од расплаканото девојче е објавена во делови од светот и предизвика јавен протест поради контроверзната политика на Вашингтон да раздвои илјадници мигранти и нивните деца.

Американските власти подоцна соопштиле дека Јанела и нејзината мајка не се меѓу разделените семејства, но јавното негодување „резултирало со промена на политиката на претседателот Доналд Трамп минатата година“, рекле од жирито.

Мур фотографирал агенти на американската гранична полиција минатата година во долината Рио Гранде, кога наишол на група луѓе кои се обидувале илегално да ја поминат границата.

-Видов страв на нивните лица во нивните очи, рекол Мур во интервју.