Шефот на антитерористичкиот оддел со седиште во Њујорк, Џон Милер, рече оти постои основано сомневање дека исто лице ги испратило пакетите со експлозив адресирани до Си-ен-ен, Џорџ Сорос, семејството Клинтон и Барак Обама.
Милер одржа прес-конференција заедно со претставници на ФБИ, каде што објасни дека сите откриени експлозивни направи се всушност грубо изработени цевкасти бомби, објави агенцијата АП.
Милер додаде дека засега никој не е уапсен и дека направите не повредиле никого.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, рече дека денешното испраќање на сомнителни пакети со експлозив ширум САД е терористички чин.
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, рече дека нема да биде изненаден доколку се најдат уште сомнителни пакети бидејќи еден од нив бил испратен и во неговата канцеларијата во Њујорк.