Свет 21. октомври 2019. / 12:05

Посмртните останки на шпанскиот диктатор Франко ќе бидат ексхумирани в четврток

Посмртните останки на шпанскиот диктатор Франко ќе бидат ексхумирани в четврток

Посмртните останки на шпанскиот диктатор Франсиско Франко ќе бидат ексхумирани од мавзолејот крај Мадрид в четврток, соопшти денеска шпнакста влада, пренесуваат светските агенции.

Потоа неговите мошти ќе бидат пренесени на гробиштата Пардо на периферијата на шпанската престолнина.

Владата преку соопштение објави дека на целиот чин ќе присуствуваат членови на семјството на Франко.