Свет 03. октомври 2018. / 14:46

Последната точка во преговорите за Брегзит е границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска

Последната точка во преговорите за Брегзит е границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска

Северноирската партија, која ја одржува на власт премиерката Тереза Меј, предупреди дека се поставува крваво-црвена линија пред брегзит со која ќе се одвои Северна Ирска од останатиот дел од Обединетото Кралство.

Границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска е последната спорна точка во преговорите за брегзит, иако двете страни се обидуваат да пронајдат решение за надзор и регулирање на прекуграничната трговија.

,Не може да има граница во Ирското Море, меѓу Северна Ирска и останатиот дел од Обединетото Кралство”, изјави претседателката на Демократска унионистичка партија (ДУП),
Арлен Фостер додавајќи дека ,,црвената линија е зацртана со крв”.