Свет 30. мај 2020. / 12:15

Последици од кризата: Италија на пат годинава да загуби 13% од БДП

Последици од кризата: Италија на пат годинава да загуби 13% од БДП

Гувернерот на централната банка на Италија предупреди дека, како резултат на корона-кризата, италијанската економија оваа година може да се намали за 13 проценти.

Според основното сценарио, економскиот пад оваа година би изнесувал девет проценти. Второто сценарио, што се заснова на повеќе песимистички, иако не екстремни претпоставки, предвидува пад на БДП од 13 проценти оваа година и многу побавно закрепнување во 2021 година – изјави гувернерот Игнацио Виско.

Во првите три месеци од оваа година, БДП на Италија падна за 5,3 проценти на квартална основа, според сезонски и календарски прилагодени податоци од Заводот за статистика. Првата проценка покажа пад од 4,7 проценти.