Свет 05. мај 2018. / 18:29

После два месеци од трагедијата се огласи семејството на Астори

После два месеци од трагедијата се огласи семејството на Астори

Фудбалскиот свет пред два месеци го погоди трагичната смрт на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина пред натпреварот против Удинезе.

Тој 4 март Фиорентина требаше да игра на гостински терен против Удинезе, а на доручекот пред натпреварот се појавија сите освен Астори кои вообичаено секогаш бил прв тука. Кога влегле во собата на Астори дочекале вистински шок…

Од неговата смрт поминаа два месеци, а неговото семејство дури сега собра сили да се огласи во јавноста.

„Ви благодариме. Тоа е кратко и едноставно, токму каков што беше Давиде. Сакаме да ви се заблагодариме на сите кои бевте со нас во тој 4 март. Одлучивме тоа да го направиме на ваков едноставен начин, како што тоа Давиде го правеше, со насмевка. Ви благодариме на сите од срце. Семејството на Астори, Франческа и Викторија“, стои во соопштението.