Во новогодишната ноќ во Португалија стапува на сила во 23:00 часот полициски час како делод мерките за намалување на ширењето на новиот коронавирус. Тоа го изјави синоќа премиерот Антонио Коста.
– Мораме целосно да ги исклучиме новогодишните прослави. На луѓето нема да им биде дозволено да ги напуштат своите домови од 1 до 5 часот наутро од 1 до 3 јануари, изјави Коста.
Пред две недели, Коста рече дека луѓето ќе можат да се вратат дома пред полицискиот час во два часот по полноќ на новогодишната ноќ. Но, претходно најавеното преоценување на мерките ја зеде предвид сегашната пандемска состојба и ја принуди владата да преземе поостри мерки.
– Бројот на случаи се намалува неделно, но не толку брзо како порано, затоа владата одлучи да ги заостри мерките пред Нова година, но правилата околу Божик не се толку строги, рече Коста.
Нема ограничување на бројот на луѓе кои можат да се соберат по домаќинство за Божик, а забраната за патување во државата нема да биде на сила од 23 до 26 декември.
Португалија, со нешто повеќе од 10 милиони жители, има 362.616 заразени од Ковид-19 век и 5.902 смртни случаи