Португалија е последната држава во Европа која воведува строги рестрикции поради ширењето на вториот бран на корона вирусот.
Од денеска во цела Португалија на сила ќе биде полициски час кој ќе почнува од 23 часот и ќе трае до пет часот наутро. За викендите забраната за движење ќе почнува од 13 часот.
Во минатите 24 часа во земјата се регистрирани 5.784 нови позитивни случаи на Ковид-19, како и 24 починати пациенти.
Во земјата се регистрирани вкупно 179.324 заразени и 2.896 починати луѓе.