Свет 06. август 2018. / 12:50

Португалија и натаму се бори со големите шумски пожари

Португалија и натаму се бори со големите шумски пожари

Пожарникарите во Португалија продолжуваат да се борат со големиот шумски пожар на јужниот брег, во туристичкиот регион Алгарве.

Пожарот во текот на ноќта претставуваше голема опасност, пожарникарите стравуваат дека пожарот може да ја проголта целата населба на падините на ридот.

Одделот за цивилна заштита соопшти дека 44 лица побарале медицинска помош минатата ноќ.