Портпаролот на унгарскиот премиер Виктор Орбан , Золтан Ковач му одговори на претседателот на Европската Комисија , Жан Клод Јункер кој денеска рече дека за Орбан нема место во европската десница.
На изјавата на претседателот на Европската Комисија , Жан Клод Јункер реагираше портпаролот на унгарската влада , Золтан Ковач. Јункер денеска изјави дека за Орбан нема место во Европската Народна партија.
Ковач вели дека тоа е лична одмазда на Јункер , бидејќи Орбан пред четири години не ја поддржал неговата претседателска кандидатура.
,,Никогаш нема да застанеме зад промигрантските ставови што ги заговара Јункер” , напиша Ковач на Твитер.