По неколку негативни тестови, портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенани, е позитивна на коронавирусот. Веста ја пренесе преку својот профил на „Твитер“.
„Постојано бев негативна на тестовите, вклучително и секој ден од четвртокот, во понеделникот наутро бев позитивна на тестот на Ковид-19. Немам симптоми“, соопшти таа и додаде дека ниту еден новинар не е на списокот на блиски контакти во медицинската единица на Белата куќа.