Претседателот на Украина, Петро Порошенко денеска изјави дека на Самитот на НАТО сите земји членки изразиле целосна поддршка за политиката на Киев за членство во Алијансата. „Нема да кажувам датуми, но сакам да кажам дека никој нема да успее да го попречи нашиот влез во најмоќниот безбедносен сојуз“ изјави порошенко непосредно пред крајот на Самитот на НАТО во Брисел.
„Свесни сме дека ваквиот наш пат длабоко ја иритира Руската Федерација, но Украина е должна да ги следи сопствените национални интереси“ додаде Порошенко.
Украинскиот Претседател Петро Порошенко имаше средби со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. со францускиот претседател Мануел Макрон, како и со претседаелот на САД Доналд Трамп.