Претседателот на Украина, Петро Порошенко, изјави дека на Украина ѝ е потребен мир со Русија и дека луѓето се уморни од војната.
Секако, потребен ни е мир со Русија. Студен мир, но мир. Луѓето се уморни од војната. Руската пропаганда игра на оваа болна емоција. Темата за војна и мир е една од главните на изборите затоа што народот нема да избира само претседател, туку и врховен командант рече Порошенко на форум во Киев.
Тој додаде дека Киев ќе продолжи да инсистира да се реши судирот во Донбас со политички и дипломатски средства, но дека само ефикасна армија може да гарантира мир. Истакна дека во следните пет години приоритет на власта ќе остане модернизација на војската и снабдување со современо оружје.
Порошенко најави дека повторно ќе се кандидра за претседател на изборите, што ќе се одржат на 31 март.