Свет 19. февруари 2019. / 18:38

Порошенко: Членството во ЕУ и НАТО е моја стратешка мисија

Порошенко: Членството во  ЕУ и НАТО е моја стратешка мисија

Украинскиот претседател, кој ќе бара нов мандат на изборите на 31 март, на пратениците им рече дека сака да поднесе барање за членство во ЕУ до 2023 година.

Украинскиот претседател Петро Порошенко денес потпиша уставен амандман со кој се нагласува посветеноста на Украина за членство во НАТО и во ЕУ.

Порошенко во парламентот наведе дека членството на Украина во тие организации го гледа како своја „стратешка мисија“.

Украинскиот претседател, кој ќе бара нов мандат на изборите на 31 март, на пратениците им рече дека сака да поднесе барање за членство во ЕУ до 2023 година. Тој, сепак призна дека Украина се уште има многу да направи за да ги исполни потребните критериуми.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск им се обрати на украинските пратеници на украински јазик, велејќи дека „нема Европа без Украина“.

Туск вети дека ЕУ никогаш нема да го признае руското припојување на Крим и дека ќе ги задржи санкциите врз Русија.