Свет 31. март 2020. / 12:08

Поразувачки бројки во Шпанија: Починале 849 лица за 24 часа

Поразувачки бројки во Шпанија: Починале 849 лица за 24 часа

Според најновиот извештај, во Шпанија починале 849 лица, а досега се заразени речиси 95 илјади лица.

Бројот на заболени од Ковид-19 во Шпанија порасна од 85.195 на 94.417, пренесе РТ.

Бројот на починати во изминатите 24 часа се зголемил за 849, што е вкупно 8.189 починати како последица од коронавирусот, извести Министерството за здравство на Шпанија.