Свет 16. ноември 2019. / 10:10

Поранешниот советник на Трамп прогласен за виновен за неколку криминални дела

Поранешниот советник на Трамп прогласен за виновен за неколку криминални дела

Порота на федерален суд во Вашингтон го прогласи за винован републиканецот Роџер Стоун, поранешен советник на претседателот Доналд Трамп, за лажно сведочење, попречување на правдата и притисок врз сведоци.

Стоун ја призна вината по седум точки од обвинението, како давање лажни искази на сослушување на Одборот за разузнавање при Претставничкиот дом, попречување на правдата и влијание врз сведоци.

Тој беше уапсен на почетокот на годинава откако сведоци, како поранешниот раководител на изборниот штаб на Трамп, Стив Бенон и Рик Гејтс, поранешен заменик во предизборната кампања на идниот претседател, посочија дека Стоун поседувал информација за тоа дека Викиликс може да објави документи украдени од руски хакери од серверите на Демократскиот национален комитет.

Информацијата беше објавена и нанесе удар по угледот на противкандидатката на Трамп, Хилари Клинтон.

Обвинителството го товари Стоун затоа што во тек на распит во Претставничкиот дом лажел под заклетва пет пати за улогата на Викиликс и за неговиот основач Џулијан Асанж. Тој беше последниот обвинет во исрагата на специјалноит обвинител Роберт Малер за вмешаноста на Русија во претседателскиет избори на САД во 2016 година.

Пресудата за Стоун ќе биде изречена во јануари 2020 година.

По информацијата за одлуката на судот, претседателот Трамп на Твитер се обрати со соопштение.

– Ова е селективна правда. Зошто не бидат истражени Џејмс Коми и Роберт Малер – напиша Трамп.