Свет 15. април 2020. / 15:26

Поранешниот шеф на МИ-6: Кина ја криеше епидемијата на корона вирусот и треба да одговара за тоа

Поранешниот шеф на МИ-6: Кина ја криеше епидемијата на корона вирусот и треба да одговара за тоа

Поранешниот началник на британската служба за надворешно разузнавање МИ-6, Џон Соурс, изјави дека Кина сокрила од останатиот свет исклучително важни информации за епидемијата на корона вирус и затоа треба да одговара за својата измама.

Соурс, кој беше шеф на МИ-6 од 2009 до 2014 година, изјави дека е подобро да се бара одговорност од Кина, отколку од Светската здравствена организација (СЗО).

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе го запре финансирањето на СЗО, која, според него, ширела кинески „дезинформации“ за вирусот.

Во Америка има голем гнев поради тоа што, според нив, Кина ни го направи ова на сите нас, а Кина се извлече од многу голем дел од одговорноста за појавата на вирусот, затоа што од почетокот не се справи со него. Разузнавањето служи за тоа да се здобиеш со информација која други држави или играчи ја скриле од тебе. Во декември и јануари имаше кус период, во кој Кинезите го криеја тоа од Западот – изјави поранешниот шеф на МИ-6.