Поранешниот шеф на чешката дипломатија, Карел Шварценберг, смета дека Европската унија е најголемиот успех кој е некогаш постигнат и додава дека без Хитлер и Сталин никогаш немало да дојде до европско обединување.
“Сега повторно мислиме дека можеме да совладаме се национално, затоа што сеќавањето на нив двајца избледе”, рекол тој на вчерашната конференција за европски вредности во Амбасадата на Унгарија во Виена.
Шварценберг рекол дека затоа неговата најголема надеж за Европа е рускиот претседател Владимир Путин.