Поранешниот романски претседател Трајан Басеску изјави дека поддржува легализација на проституцијата, со цел намалување на шверцот со луѓе.
– Има многу несреќни мажи, кои не можат да си пронајдат партнерка и прибегнуваат кон вакви услуги. Мислам дека дојде моментот да ја отвориме дискусијата за легализација на проституцијата како решение за намалување на незаконската трговија со луѓе – истакна поранешниот претседател.
Басеску го критикуваше недостигот на храброст кај некои политичари кои не се осмелуваат да се спротивстават на Романската православна црква и да предложат предлог-закон во таа насока.
– Обемот на трговија со млади жени, особено од селата, го направи овој феномен… мора да се преземе акција за промена на казнената политика за ваквите активности – изјави синоќа Трајан Басеску за телевизија Б1.
Како пример тој ги посочи Германија, Холандија и Белгија каде проституцијата е легализирана и жените се заштитени.