Свет 06. април 2018. / 10:37

Поранешниот претседател на Бразил пред апсење

Поранешниот претседател на Бразил пред апсење

Бразилскиот федерален судија Серџо Моро издаде налог за апсење на пораншниот претседател Луис Игнасио Лула да Силва.

Овој налог е издаден неколку часа откако бразилскиот Врховен суд го отфрли барањето на Лула да Силва, да не оди во затвор додека трае жалбениот процес на пресудата за корупција.

Пресудата на да Силва е 12 години и еден месец затворска казна.